Времето денеска низ Македонија ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, наместа во западните делови врнежите ќе бидат пообилни, односно над 40 l/m2.
Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи ќе дува засилен јужен ветер, кој во текот на ноќта ќе го промени правецот во северен (над 70 km/h).
Во текот на ноќта врнежите од дожд најпрвин на планините ќе преминат во снег, а потоа особено во западните делови повремен снег ќе има и на некои пониски места и ќе се формира снежна покривка.
Максималната температура ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со врнежи од дожд.
Ќе дува умерен до засилен јужен ветер кој ќе достигне брзина и над 50 километри на час.
Утринската температура ќе се движи околу еден степен под нулата, а максималната дневна се очекува да достигне 13 степени целзиусови.
Од страна на УХМР за територијата на Куманово се издадени два метео аларми, портокалово предупредување за силен ветер и жолто предупрепдување за обилен дожд.
Утре низ кумановско ќе имаме променливо облачно време со услови за сонце.
Силниот ветер ќе продолжи да дува, но од северен правец, и повторно ќе достигнува брзина до 50 километри на час.
Температурите ќе бидат во пад, па така утринската ќе се спушти дури шест степени под нулата, а максималната ќе изнесува само четири степени целзиусови.
Во недела ќе имаме сончево и суво време со слаб до умерен западен и југозападен ветер.
Утринската температура ќе се движи околу -4, а максималната се очекува да достигне седум степени целзиусови.
Новата работна недела носи благ пораст на температурите.
Никола Ивановски