Украинската армија тврди дека го погодила командното место на руската армија во градот Губкин во областа Белгород во Русија.
Ова денеска го соопшти главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина, пренесува Униан.
Забележано е дека локалните жители забележале густ црн чад и слушнале силни експлозии.
Униан претходно објави дека синоќа украинската армија извршила напад врз складиште за оружје во руската област Брјанск.
Руското Министерство за одбрана во вторникот објави дека украинските вооружени сили минатата ноќ извршиле напад со шест балистички ракети ATACMS во областа Брјанск.
Светските медиуми во неделата објавија дека САД ја овластиле Украина да користи крстаречки ракети со долг дострел ATACMS за напади длабоко на руска територија.