Хаити: Мештаните и полицијата во заедничка борба против бандите, загинаа над 20 луѓе

Сподели со своите пријатели

Повеќе од 20 осомничени членови на банда се убиени на Хаити, откако локалното население и се придружи на полицијата во борбата против обидот за напад врз богатото предградие Порт-о-Пренс, соопшти денеска локалната полиција.

Loading...

Локалните жители се забарикадираа на улиците на предградието во вторникот, додека користеа мачети и чекани за да го одбранат квартот од нов напад на банди, пренесува Ројтерс.

Дописникот на Ројтерс објави дека видел најмалку 25 тела во неколку населби, каде што жителите ги запалиле телата на осомничените криминалци, а полицискиот службеник Лионел Лазаре за агенцијата изјавил дека околу 30 луѓе биле убиени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Армиски офицери и полицаец уапсени во Бразил за обид за убиство на претседателот

„Населението застана со Националната полиција на Хаити во овие моменти. Тие ќе продолжат да работат рака под рака“, рече тој.

Лазаре претходно изјави за локалното радио дека полицијата пресретнала вооружени мажи кои патувале во комбиња и запленила оружје, вклучително и калашников.

Полицијата на Хаити, наводно, има недоволно ресурси, а ОН соопштија дека забележале најмалку 149 случаи во кои локалното население се занимавало со наводни членови на банди.

Агенциите за човекови права предупредуваат дека во инцидентите биле убиени и луѓе кои не се членови на мафијата.