Зеленски: Ќе ја изгубиме војната без поддршка од САД

Сподели со своите пријатели

Ако САД престанат да го поддржуваат Киев, Украина ќе ја загуби војната против Русија, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Loading...

Во интервју за Фокс њуз, тој рече дека, иако Украина има сопствено производство на оружје, тоа не е доволно и дека Киев ќе продолжи да се бори без оглед на одлуката на САД.

„Ако ја скратат (помошта), мислам дека ќе изгубиме. Имаме производство, но тоа не е доволно за да победиме. И мислам дека не е доволно за да се преживее“, рече тој.

Зеленски истакна дека првите денови од војната биле најтешките и дека отсега сѐ ќе зависи од единството на Украина и Европа, а особено од единството на Киев и Вашингтон.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вучиќ во мај во Москва „ако не дојде крајот на светот“

Пентагон синоќа објави дека американскиот Стејт департмент одобрил потенцијална продажба на воена опрема и услуги на Украина во вредност од 100 милиони долари.