САД одобрија нова воена помош за Украина од 100 милиони долари

Сподели со своите пријатели

Американскиот Стејт департмент одобри потенцијална продажба на воена опрема и услуги на Украина во вредност од 100 милиони долари, објави Пентагон.

Loading...

Претходно, советникот за национална безбедност на американскиот претседател Џејк Саливан изјави дека актуелната американска администрација планира да поднесе барање до Конгресот за нова помош за Украина за фискалната 2025 година во периодот на транзиција, пренесе Ројтерс.

Тој нагласи дека тимот на американскиот претседател Џозеф Бајден смета дека е неопходно и логично да се најдат дополнителни ресурси за поддршка на Украина.

На средбата со новоизбраниот претседател Доналд Трамп минатата недела, Бајден зборуваше зошто поддршката на Украина е важна за националните безбедносни интереси на САД, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Германија ги предупредува граѓаните да се подготват за Трета светска војна