Русија почна масовно производство на иновативни мобилни засолништа, кои ќе обезбедат заштита од различни закани, вклучително и светлосно зрачење од нуклеарна експлозија и радиоактивна контаминација.
Овие засолништа ќе бидат клучни за заштита на цивилното население во вонредни ситуации, пренесува Риа Новости.
Засолништата „KUB-M“ се дизајнирани како модуларни заштитни единици кои можат брзо да се транспортираат и да се постават на која било локација, што значително ја зголемува ефикасноста на заштитата.
Секое засолниште има основен пакет кој вклучува две компоненти: една за 54 лица и технички блок.
Дополнително, капацитетот на засолништето може да се зголеми со вградување дополнителни компоненти, што овозможува адаптација на различни потреби и ситуации.
Клучната предност на овие засолништа во споредба со другите структури за цивилна заштита е нивната мобилност.
„КУБ-М“ може да се превезува по пат или железнички пат, а при инсталирање може да се приклучат на локалните комунални мрежи, пренесува Танјуг.
Исто така, производството, транспортот и монтажата на овие засолништа е повеќе од двојно поевтино од изградбата на постојани засолништа.
Руските експерти посочуваат дека ова производство ќе биде клучен чекор кон подобрување на безбедноста на граѓаните, а во иднина се очекува и развој на нови и поефикасни системи за заштита на населението.