Денеска Украина одбележува 1.000 дена од почетокот на војната, а досега загинаа илјадници украински граѓани, а повеќе од шест милиони луѓе живеат како бегалци.
Населението на Украина е намалено за една четвртина откако рускиот претседател Владимир Путин го изврши нападот, што според „Гардијан“ е најголемиот конфликт во Европа од Втората светска војна.
Како што потсетува „Гардијан“, Кремљ го отфрли планот за мир предложен од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, а кој требаше да биде претставен на самитот на Г-20 во Бразил.
Планот предвидуваше замрзнување на конфликтот во сегашните позиции на двете страни.
Според извештаите, планот на Ердоган вклучува: замрзнување на фронтот, обврзување на Украина да не се приклучи на НАТО во следните десет години, снабдување на Украина со оружје за одбрана и поставување меѓународни мировници во демилитаризираната тампон зона во Донбас.
Претходно портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков ги отфрли информациите за предлогот на Ердоган, нарекувајќи го „неоснован“ и дека тоа е услов што би бил „неприфатлив“ за Русија, пренесува Танјуг.
Светските медиуми, вклучително и Ројтерс и „Њујорк тајмс“, во неделата објавија дека администрацијата на американскиот претседател во заминување Џозеф Бајден ја овластила Украина да користи крстаречки ракети со долг дострел ATACMS за напади длабоко во руска територија.
САД се уште не ја потврдија оваа информација.