Службата за безбедност на Украина (СБУ) денеска соопшти дека го уапсила командантот на единицата за специјални операции, под сомнение дека на Руската воена разузнавачка служба (ГРУ) и ги открил плановите за акции зад непријателските линии.
Агресорот е најзаинтересиран за информации за саботажа и извидувачки акции на украинските специјалци зад линијата на фронтот во правец на Запорожје, Керсон и Крим, соопшти SBU.
Се тврди дека уапсениот потполковник имал пристап до информации за планираните рути, оружје и цели.
Се зборува дека ГРУ го „активирала“ потполковникот оваа пролет, но дека го освоила преку неговите познаници во Русија пред руската инвазија на Украина во февруари 2022 година.
Осомничениот се соочува со доживотна казна затвор за предавство, пренесува Ројтерс.