ABC: Трамп освои 301 електорски глас, се очекува да победи во Невада

Сподели со своите пријатели

Републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп, на претседателските избори освои 301 електорски глас и ја победи кандидатката на Демократската партија, Камала Харис, која освои 226 електори, покажуваат најновите проекции на медиумската компанија ABC.

Loading...

Трамп ги освои Ајдахо, Јута, Монтана, Вајоминг, Северна и Јужна Дакота, Небраска, Канзас, Оклахома, Тексас, Мичиген, Висконсин, Ајова, Мисури, Арканзас, Луизијана, Мичиген, Индијана, Кентаки, Тенеси, Мисисипи, Алабама, Флорида, Џорџија , Јужна Дакота, Северна Каролина, Охајо, Западна Вирџинија, Алјаска и Пенсилванија.

ABC предвидува дека Трамп ќе победи и во Невада, која ја загуби и на изборите во 2016 и 2020 година.

Харис победи во округот Колумбија, Мериленд, Делавер, Њу Џерси, Конектикат, Род Ајленд, Масачусетс, Њу Хемпшир, Вермонт, Њујорк, Мејн, Вирџинија, Илиноис, Минесота, Колорадо, Ново Мексико, Вашингтон, Орегон, Калифорнија и Хаваи.

Трамп води и во гласовите, досега има освоено 73,3 милиони гласови, а Харис 69 милиони гласови.