Пакистанската армија уби девет бунтовници во северозападниот дел на земјата

Сподели со своите пријатели

Пакистанските безбедносни сили убија девет бунтовници во текот на ноќта во престрелка во поранешното упориште на пакистанските талибанци, во нестабилниот северозападен регион што се граничи со Авганистан, соопшти денеска пакистанската армија.

Loading...

Војниците запленија оружје и муниција од засолниште на бунтовниците по престрелката во Бајур, област во провинцијата Хајбер Патунхва, пренесе АП.

Военото соопштение не даде детали за убиените бунтовници, вклучително и нивната припадност, но таквите операции често се насочени кон пакистанските талибанци, познати како Терик-е-талибан Пакистан или ТТП.

Бајур беше нивна база се додека многумина не беа убиени или истерани за време на неколку претходни операции од страна на безбедносните сили.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Романија најавува суспензија на ТикТок

ТТП, како посебна група, е близок сојузник на авганистанските талибанци, кои ја презедоа власта во соседен Авганистан во 2021 година.

Доаѓањето на талибанците на власт во Авганистан ги охрабри пакистанските талибанци, кои ги засилија нападите врз пакистанските сили.