Москва по дебатата Харис – Трамп: Се надеваме дека ќе го остават името на Путин на мира

Сподели со своите пријатели

На Кремљ не му се допадна како се споменуваше името на рускиот претседател Владимир Путин за време на претседателската дебата во вторникот вечерта меѓу Камала Харис и Доналд Трамп.

Loading...

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека името на Путин се користи како алатка во внатрешната политичка борба на САД.

„Навистина, навистина не ни се допаѓа и се уште се надеваме дека ќе го остават името на нашиот претседател на мира“, рече Песков.

За време на дебатата, потпретседателот Харис му рекол на поранешниот претседател Трамп дека Путин „ќе го изеде за ручек“ и дека рускиот лидер „ќе седи во Киев во моментов“ ако Трамп беше претседател, среде целосната инвазија на Москва на Украина, пишува Политико.

Трамп одговори дека Путин никогаш немаше да ја нападне Украина ако беше во Белата куќа наместо претседателот Џо Бајден.

Песков рече дека Кремљ немал можност да ја следи дискусијата.

„Но, утрото, се разбира, ги видовме медоумските извештаи со различни изјави што беа дадени за време на оваа дискусија“, рече тој.

Кремљ претходно тврдеше дека Путин спиел во текот на претседателската дебата кога Трамп го победи Бајден.

Loading...