Вселенската мисија SpaceX е одложена поради истекување на хелиум

Сподели со своите пријатели

Мисијата Polaris Dawn на SpaceX со четири лица ќе биде одложена најмалку еден ден поради истекување на хелиум во опремата во вселенскиот центар Кенеди, објави компанијата денес, неколку часа пред планираното подигнување на нејзината капсула Crew Dragon.

Loading...

„Тимовите го истражуваат истекувањето на хелиум, а екипажот се уште е подготвен за повеќедневна вселенска мисија“, се вели во соопштението, а пренесува Ројтерс.

Главниот дел од петдневната мисија би требало да биде 20-минутна вселенска прошетка, на 700 километри од Земјата, што ќе биде најдолгата вселенска прошетка до сега.

Првата американска вселенска прошетка е изведена во 1965 година, на капсулата Gemini, а била користена слична процедура планирана за „Поларис Дон“ – капсулата била под притисок, а од отворот излегол астронаут во скафандер.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Француското обвинителство бара пет години затвор за Марин Ле Пен

Екипажот на Polaris Dawn ќе ги тестира новите, тенки вселенски одела за време на вселенската прошетка.

Милијардерот Џаред Исакман, пензионираниот потполковник на воздухопловните сили на САД Скот Потет, пилот на мисијата и вработените во компанијата Сара Гилис и Ана Менон ќе прошетаат во вселената.