Приведен кумановец осуден за „загрозување на сигурност“

Сподели со своите пријатели

Четириест и петгодишен кумановец бил приведен вчера откако по него била распишана потерница за издржување затворска казна.

Loading...

– На 22.08.2024 во 16.40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Т.С.(45) од Куманово, кој баран по потерница за издржување казна затвор за сторено кривично дело „загрозување на сигурност“ по член 144 од Кривичниот законик, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, Т.С. бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор К’шање за издржување на казната.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пронајдено малолетното девојче од Пчиња кое беше пријавено за исчезнато