Воз во Кина ќе сообраќа до 1.000 километри на час

Сподели со своите пријатели

Нов ултра-брз воз „маглев“ беше подложен на тестирања во северната кинеска провинција Шанкси, а демонстрациите беа поздравени како уште еден чекор кон брзина до 1.000 километри на час.

Loading...

Проектот е заеднички развиен од China Aerospace Science and Industry Corporation Limited и провинцијата Шанкси, јавува China International Radio.

Тестот беше изведен во цевковод долг два километри со ниско вакуумско опкружување, а резултатите покажаа дека возот постигнал контролирана навигација, стабилност, како и безбедно запирање.

Двегодишен проект

Изградбата на ултра-брзиот воз маглев (магнетно левитирачки) започна во округот Јангао во април 2022 година.

Проектот ја интегрира аеротехнологијата со технологијата за железнички транспорт, со цел да се постигне брзина на возот од 1.000 километри на час.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шефот на МААЕ: Нуклеарните објекти во Иран не смеат да бидат нападнати

Системот во иднина би можел да овозможи патување од Пекинг до Шангај, кој е оддалечен 1.200 километри, за час и половина, пренесува Танјуг.