Катастрофалниот земјотрес во Скопје од 1963 година го уништил станбениот фонд и разурнал голем број општествени згради.
Обновата на Скопје барала постојано да работат над 30.000 работници, меѓу кои голем број ѕидари, столари, водоинсталатери, електричари, а и општи работници.
Новата ситуација пред стопанството во Кумановската околија постави нови задачи. Дрвната индустрија мора своето производство да го преориентира кон новите потреби, а малите работилници, како што се „Искра“, „11 ноември“ и други, требало да ги прошират капацитетите со отворање на новите погони, кои ќе работат исклучиво за потребите на Скопје.
Во таа смисла се наложувала и преориентација во работата на Центарот за стручно оспособување на работниците. Тој морал, покрај другото да оспособува што повеќе и што побргу, работници кои ќе се вклучат во обновата на Скопје.
На прво место оделе ѕидари, водоинсталатери и електроинсталатери, фасадери, столари, бравари и други занаети.
Пред разните услужни сервиси и работници во Кумановската околија се поставиле нови сериозни задачи да преземат дел од активностите на слични институции кои до земјотресот постоеле и работеле во Скопје. Тоа значело да ја приалгодат својата работа за да можат да му помагаат на скопското население.
Најголема задача на Куманово била да обезбеди и ангажира што поголем број работници во обновата на Скопје. Таа задача можела да се оствари, затоа што од околијата се барале неколкуи илјади работници за Скопје, а според тогашната евиденција привремено безработни имало нешто над илјада мажи.
Група од 300 работници од Куманово уште во првите денови била ангажирана на работа во Скопје. Сите оние кои одбиле да помогнат на Скопје биле бришани од евиденцијата на Заводот за вработување и со тоа да им се ускрати секаква помош.
Извор: „Наш весник“ бр. 46 (05.09.1963 година) Фото: Википедија