Познатата босанска пејачка и кантавторка со српско потекло Јадранка Стојаковиќ, вчера во Бањалука почина на 66-годишна возраст, било потврдено за српски „Блиц“ од старечкиот дом „Каритас“.
– Јадранка почина вчера, а се уште не се знае кога ќе биде одржан погребот – било потврдено во домот, пренесува „Блиц“.
Стојаковиќ во последните неколку години живеела во Бањалука, и подолго време боледувала од мултиплекс склероза. Болеста која бил предизвикана по падот на сцена во 2009 година, ја натерала да се откаже од концертите и јавните настапи. Поранешната југословенска ѕвезда и успешна кантавторка и сликарка, долго време живеела во Јапонија, а последните години од живото Јадранка ги поминала во домот за стари лица „Каритас“ во Бањалука.
– Не можам повеќе да свирам, но често сонувам музика. Цел живот живеам со неа и како да имам концерти додека спијам. Уште можам да ја почувствувам, се уште може да ја слушнам – изјавила неодамна Стојаковиќ.
Таа е родена на 24 јули 1950 година во Сараево каде што и почнала со својата единствена музилка кариера. Во текот на доцните 1970-ти години почнала да се занимава сообработка на севдалинки и староградски љубовни песни, како и обработка на поезијата на српската писателка Десанка Максимовиќ во нов музички аранжман.
Таа работела и на музика за телевизија , ја напишала воведната тема за 14-тите зимски олимписки игри во Сараево во 1984 година. Од 1988 до 2011 година живеела во Јапонија, а за нејзиниот 23-годишен престој во Јапонија „винови“ се токму Зимските олимписки игри во Сараево и албумот со традиционални југословенски песни кои им биле доделувани на странски гости. Јапонски новинар оваа плоча ја испратил во Јапонија и наскоро следел повик на фестивал, а потоа следел и договор на четири години.
Речиси нема човек во земјите на поранешна Југославија кој не ги знае песните на Јадранка Стојаковиќ „Све смо могли ми“, „Што те нема“ и „Има нека тајна веза“.
Јадранка многу тешко ја поднела војната во поранешна Југославија. Не можела да ја напушти земјата се до 1998 година кога Јапонија ја призна Босна и Херцеговина, а Јадранка добила босански пасош. За жал следел и падот на бината кој бил заслужен за предизвикување на болеста на моторните неврони.
преземено од: ПлусИнфо