Кумановец го нападнал својот татко, полицијата го привела

Сподели со своите пријатели

Четириесет и едногодишен кумановец бил приведен вчеравечер по пријава дека физички го нападнал својот татко.

Loading...

– На 14.05.2024 во 21.40 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ж.Д.(41) од Куманово затоа што физички го нападнал неговиот татко, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, Ж.Д. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Претрес во Куманово, пронајдена дрога