Поради изгледот стана сензација: Сите мислат дека има 30 години, но е многу постар!

Сподели со своите пријатели

Чуандо Тен е познат фотограф од Сингапур кој првин го привлече вниманието на интернет со портрети и фасцинантни автопортрети.

Loading...

Сепак, она што најмногу ги привлекувало неговите следбеници се неговите години, чиј број на прв поглед ретко кој може да претпостави.

 

 

Иако изгледа како 30-годишник, Чуандо е роден во 1966 година во Сингапур.

Врз основа на фотографиите и видеата кои секојдневно ги споделува на своите социјални мрежи, може да се заклучи дека неговиот младешки изглед навистина им пркоси на неговите години, меѓутоа, овој човек неодамна го прослави својот 58-ми роденден – што е тешко да се поверува.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ослободете се лесно од главоболка со помош на овие намирници

 

Loading...

 

Пред неговата популарност на социјалните мрежи, Чуандо имал разновидна кариера.

Во текот на осумдесетите се занимавал со манекенство, а во деведесетите се пробал и во музиката – како пејач.

Сосема неочекувано откако престанал да се занимава со музика и манекенство, неговата кариера тргнала во друга насока.

Во едно интервју тој истакна дека пријателите го наговориле да отвори профил на Инстаграм.

 

Loading...

 

На почетокот го добивал вниманието и на машката и на женската публика, но потоа во одреден момент се појавиле различни теории за неговиот младешки изглед.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мажите кои често конзумираат пиво имаат подобра ерекција

Која е тајната на неговиот изглед?

Чуандо верува дека квалитетната храна што ја внесуваме во нашето тело игра голема улога за здравјето.

Значи неговата исхрана се состои од храна која е богата со протеини, како што е оризот со пилешко.

За појадок, вели, јаде шест варени јајца и чаша млеко, а понекогаш знае да додаде авокадо или некаква бобинка.

Добрата форма ја одржува со тренинзи кои траат по половина час, а се труди да тренира три до четири пати неделно, во зависност од обврските.

А тренингот за сила е проследен со кардио вежби кои вклучуваат брзо одење на лента за трчање.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вклучете ја оваа супер храна во вашата исхрана и намалете го ризикот од срцев удар

 

Loading...

 

Тврди дека пластичните операции не се за него

Чуандо сака и да плива, па секој ден се труди да помине по еден час во базен.

Многумина на социјалните мрежи заклучија дека Чуандо сигурно имал пластична операција, но тој негира и тврди дека има чувствителна кожа, поради што користи само два производи за нега на лице – гел за чистење и хидратантна крема.

Тој признава дека во минатото отишол на една процедура по која заклучил дека не е за него.

Признава дека сивата коса ја покрива со боја.

Loading...