Тексашанката Маци Курин била мета на потсмев од нејзините врсници како мала бидејќи имала најдолги нозе од сите, но денес гордо ги „носи“ и сака да им помогне на другите високи жени да станат посилни.
– Ако некој мрази, мрази затоа што не разбира. Ме нарекуваа лик од хорор филмови, како Слендермен – вели Курин во интервју за Џем прес.
View this post on Instagram
Супервисоката Тексашанка често споделува видеа на TikTok, каде троловите често даваат груби коментари за нејзиниот изглед.
– Би било страшно да те сретнам во темен ходник – неодамна коментираше еден од следбениците под видео прилогот.
View this post on Instagram
Маци Курин вели дека не ѝ прават непријатности само странците.
Имено, таа често е за глава повисока од мажите со кои излегувала, поради што некои мажи се чувствуваат помалку вредни и засрамени.
View this post on Instagram
– Секогаш кога излегував со мажи кои се значително пониски од мене, беше лошо. Како да се срамат од мене пред други, вели таа.
Во едно од видеата таа призна дека нејзините партнери не сакале да ја бакнуваат јавно, поради висинската разлика.
Вели дека не ѝ е лесно да најде облека.
– Најмногу купувам во American Tall, иако немаат долги панталони кои ми стојат. Обично ги правам по нарачка, што чини околу 250 долари за еден пар фармерки. Немам многу пари, па имам само два пара фармерки кои добро ми стојат – вели девојката.
View this post on Instagram
– Ја мразев својата висина како дете бидејќи тоа беше нешто поради што децата ме исмејуваа. Но, тоа беше и најдобрата привилегија, бидејќи никој не беше висок како мене. Јас сум единствена, вели таа, со надеж дека другите високи жени ќе бидат охрабрени да застанат за себе.