Велика Британија предлага да се формира тампон зона околу Киев од силите на НАТО, кои имаат висока способност за маневрирање и да се испратат ослободените сили на украинската армија во воената зона, наведуваат руските експерти на Академијата за воени науки во написот на списание „Национална одбрана“.
„Користејќи го факторот на зголемена мобилност, Велика Британија предлага да се подготви за заминување на големи сили на НАТО од пограничните региони на Романија и Полска во Украина до мај 2024 година. Целта е да се формира тампон зона во дел од окупираните позиции, вклучувајќи ја и границата со Белорусија и територијата околу Киев. Според мислењето на Лондон, ослободените сили на украинската армија ќе бидат испратени во зоната на воени дејства, што ќе ги оневозможи офанзивните способности на Русија и ќе ја принуди на преговори“, пишува магазинот.
Статијата е напишана од дописниот член на Академијата за воени науки, експерт од Лигата на воени дипломати, Александар Бартош и докторот по технички науки, професор на Академијата за воени науки, Анатолиј Летјаго.
Експертите велат дека идејата на Лондон можеби нема да биде поддржана од мнозинството земји-членки на НАТО.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.