Украинската армија соопшти дека едно од соборените руски беспилотни летала синоќа паднало на станбен дел на Одеса и предизвикало пожар во станот, во кој едно лице загинало.
Наведено е дека од пожарот, кој брзо бил изгаснат, спасувачите успеале да извлечат женско лице, кое е хоспитализирано во „тешка состојба“, како и две лица од соседниот стан кои се „префрлени во болница со изгореници и други повреди“, пренесува Униан., пренесува Танјуг.
Војската соопшти дека руски ракети и беспилотни летала биле уништени над регионите Кировоград, Одеса и Николаев.
Беше прецизирано дека во текот на ноќта руските сили ја нападнале Украина со две балистички ракети Искандер-М, три ракети Х-59 и 12 нападни беспилотни летала Шахед, а украинските сили за воздушна одбрана успеале да ги соборат сите проектили освен Искандер, наведува Униан.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.