Хороскоп за понеделник, 29 јануари

Сподели со своите пријатели

Овен

Loading...

Се вжештува ситуацијата на работа, добивате дополнителни задолженија, но се борите сето тоа да ви биде платено. Време е за сериозен разговор со партнерот, забележавте дека нешто крие од вас, не дозволувајте работите да излезат од контрола. Зголемете го внесот на витамини.

 

Бик

Ставете ги вашите потреби на прво место оваа недела и не грижете се за луѓето околу вас. Ова можеби звучи себично, но неопходно е за најдобро да се искористат можностите што стојат пред нас. Не трошете време на личност која не била коректна кон вас.

 

Близнаци

Ѕвездите ве предупредуваат да не земате здраво за готово се што ви кажуваат пријателите и колегите денес. Ова е особено точно за парични ситуации, може да изгубите пари поради тоа. Имате главоболка, проверете го притисокот.

Loading...

 

 

Рак

Денес се соочувате со директна критика, но таа не е злонамерна, туку конструктивна. Размислете каде грешите, навистина треба да ги подобрите вашите перформанси на работа. Некои членови на семејството ќе го окупираат вашето внимание со своите проблеми. Внесувајте повеќе вода.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хороскоп за сабота, 16 ноември

 

Лав

Не можете да поднесете кога другите се обидуваат да ви го „солат мозокот“, но треба да ги слушате денес. Планетите предупредуваат дека може да направите огромна и скапа грешка доколку ги игнорирате нивните совети. Добивате вести за личност која порано ви го окупирала вниманието, можно е да се сретнете.

Loading...

 

Девица

Конечно ве следи среќата и можеби ќе ви бидат понудени неколку можности за напредок. Сепак, не треба веднаш да го „грабнете“ првото понудено. Одвојте време и направете го вистинскиот избор. Некој копнее по вас во ваша близина, најверојатно во соседството. Направете го првиот чекор.

 

 

Вага

Растргнати сте поради љубовните проблеми и тоа влијае на вашиот однос кон работата. Не пропуштајте добри можности бидејќи сте расеани. На слободните Ваги им се нуди можност да флертуваат, но вие не треба да ја прифатите. Таа личност има скриени намери, тоа не е добро за вас.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хороскоп за сабота, 16 ноември

 

Скорпија

Непотребно се грижите за вашиот статус на работа. Надредените се задоволни од вашата работа, но треба да знаете дека очекуваат повеќе, бидејќи знаат дека можете да го направите тоа. Потребна ви е поголема самодоверба. Ќе имате можност дополнително да заработите, искористете ја. Незаинтересирани сте за љубовта, активирајте се.

 

Стрелец

Некои од притисоците на кои сте биле изложени ќе се олеснат малку денес, но не користете го тоа како изговор да работите помалку. Имате големи шанси да напредувате, не дозволувајте мрзеливоста да ве спречи. Не потпишувајте важни документи денес. Болката во рамото бара медицинска помош.

Loading...

 

 

Јарец

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хороскоп за сабота, 16 ноември

Ве очекува изненадување на работа, а од вас зависи дали ќе го гледате како чекор наназад или како можност да се истакнете. Партнерот е вистински заљубен во вас, не сфаќајте ги неговите емоции лесно. Возвратете со зборови, потребно му е да го слушне тоа. Почнете да вежбате.

Loading...

 

Водолија

Не откривајте премногу од вашите планови денес. Колку помалку другите луѓе знаат што имате намера, толку подобро. Мистеријата можеби не е во вашата природа, но ќе се исплати денес. Ја подигате врската на повисоко ниво, навистина уживате во среќата. Внимавајте на исхраната, би ви одговарала кратка детоксикација.

 

Риби

Loading...

Излезете од маѓепсаниот круг на незадоволство. Не ги гледате работите реално, постојано очекувате другите да ви помогнат и треба да се запрашате колку сте направиле за нив. Не барајте љубов на погрешно место. Ослободете се од социјалните мрежи и излезете.