Се урна руски авион кој превезувал заробени украински војници (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Во руската област Белгород, која граничи со Украина, во средата наутро се урна голем руски воен транспортен авион од типот Ил-76.

Loading...

Гувернерот на Белгородската област, Вјачеслав Гладков, извести за инцидентот во областа Корочански.

„Во моментов се врши истрага, на терен се и работници од Министерството за вонредни состојби.“

Гладков веднаш излегол на местото на несреќата, наведувајќи дека деталите за настанот ќе бидат објавени подоцна, пренесува ТАСС.

Како што пренесува РИА Новости, авионот превезувал украински затвореници кои требало да бидат разменети.

Покрај нив, во авионот имало и екипаж и придружба, соопшти руското Министерство за одбрана.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски: Трамп нема официјален план за завршување на војната, подготвен сум за разговори

„Во авионот имало 65 заробени припадници на вооружените сили на Украина кои биле на пат за размена во регионот на Белгород, шест членови на екипажот на авионот и три лица кои го придружуваат“, се вели во соопштението на Министерството.

На социјалните мрежи набрзо се прошири видео кое го прикажува моментот кога авионот се урнал.

Loading...

Исто така, утринава во Белгород е активирана тревога од воздух поради опасност од проектили.

Како што јави ТАСС, на жителите им се препорачува да останат дома и да не се приближуваат до прозорците.

Засега не се знае дали овие два настани се поврзани.

 

 

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.