Најмалку 18 лица загинаа, а повеќе од 130 се повредени откако Русија ги нападна најголемите градови во Украина со бранови проектили.
Во своето обраќање, претседателот Володимир Зеленски рече дека Русија лансирала околу четириесет различни видови ракети.
Повеќе од 200 различни локации беа погодени, вклучително и 139 станбени згради, рече Зеленски. Таму, според него, живееле обични луѓе.
Тој вети силен одговор.
„Руската војна сигурно ќе се врати дома, каде што започна ова зло, каде што мора да се потисне“, рече тој.
Североисточниот град Харков претрпе три бранови напади.
Цел на нападот бил главниот град Киев, како и централна Украина, додека јужниот регион Херсон бил изложен на континуирано гранатирање.
Олександра Терехович по првата експлозија истрчала во ходникот од нејзината куќа во Харков. Втората експлозија ја погодила соседната зграда, рече таа.
„Нашата земја минува низ ова веќе две години. Поминуваме низ хорор“, изјави таа за новинската агенција АФП.
Немилосрдното руско бомбардирање не им дава на Украинците момент на мир, додека речиси и да нема напредок на фронтот долга 1.500 километри.
Аналитичарите велат дека Русија ги складирала ракетите кон крајот на минатата година, подготвувајќи кампања за која американски официјален претставник рече дека е обид да се испитаат слабостите во воздушната одбрана на Украина.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.