Зеленски сега ја повикува Кина да се приклучи на „мировните преговори“

Сподели со своите пријатели

Володимир Зеленски, кој официјално ги забрани преговорите со рускиот претседател Владимир Путин, изјави дека украинската страна е заинтересирана Кина да учествува на „мировниот самит“ за решавање на конфликтот во Украина според киевската „мировна формула“.

Loading...

„Во однос на листата на земји (учесници на „самитот на мирот“) – отворени сме за сите земји во светот кои го почитуваат нашиот суверенитет и територијален интегритет. Би сакале да присуствуваат земји од глобалниот југ. Многу е важно лидерите на сите земји да присуствуваат на самитот, пренесува Спутник.

„Кина игра голема улога во светот и навистина би сакале Кина да биде вклучена во „мировната формула“ и самитот“, рече Зеленски на прес-конференцијата со претседателот на Швајцарија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски: Трамп нема официјален план за завршување на војната, подготвен сум за разговори

Зеленски побара од Швајцарија да организира мировен самит за Украина, изјави швајцарската претседателка Виола Амхерд.

„Зеленски ме праша дали Швајцарија би сакала да организира мировен самит на високо ниво… и јас потврдив дека сме подготвени да организираме конференција“, рече Амхерд на прес-конференција во Берн.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.