Времето денеска низ Македонија ќе биде студено наутро, а преку денот сончево со мала до умерена локална облачност.
Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен до северозападен правец со брзина и над 60 km/h.
Максималната температура ќе биде во интервал од 1 до 9 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево, но студено време. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен и северозападен правец, кој на моменти ќе достигнува брзина и до 50 километри на час.
Температурата во утринските часови ќе се движи околу -6 степени, додека максималнта дневна се очекува да достигне само 0 степени целзиусови.
Утре нзи кумановско ќе имаме претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен и северозападен правец.
Утринската температура ќе се движи околу -9 додека максималната дневна ќе достигне само два степени над нулата.
Во недела ќе имаме сончево време со слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец.
Температурата ќе се движи во интервал од -7 степени во утринските часови до максимални пет во текот на денот.
Во седмицата што претстои се очекува значителен пораст на температурите, особено во вториот дел од неделата.
Никола Ивановски