Тајван тврди: Три кинески шпионски балони над островот

Сподели со своите пријатели

Три балони од централна Кина се регистрирани во вторникот над Тајван, соопштија денеска властите на островот, велејќи дека ова е првпат вакви балони повторно да се забележат по минатомесечниот наплив над Тајванскиот теснец.

Loading...

Потенцијалот на Кина да користи балони за шпионирање стана глобален проблем во февруари 2023 година, кога САД соборија наводни кинески балони за надзор во нивниот воздушен простор, за кои официјален Пекинг тврдеше дека се цивилни балони кои случајно залутале во воздушниот простор на САД.

Во пресрет на претседателските и парламентарните избори на 13 јануари, Тајван е во состојба на готовност.

Податоците за воените активности на Пекинг се ажурираат секојдневно и се следат континуирано 24 часа на ден, соопшти Министерството за одбрана во Тајпеј, додавајќи дека над Тајванскиот теснец биле откриени четири балони, од кои три полетале кон централниот дел на островот, а потоа исчезнале.