Температурите во северна Европа паднаа под -40 степени целзиусови за прв пат од 2021 година, објави во вторникот шведскиот метеоролошки институт SMHI.
Во некои делови од северна Шведска, како што е североисточниот град Умеа, температурите паднаа на најниско ниво во последните 12 години.
До четврток, сите линии на патнички воз северно од Умеа беа суспендирани поради зголемени безбедносни ризици предизвикани од студот, објави телевизијата СВТ.
Според SMHI, областа со висок притисок во моментов носи екстремно студен воздух во североисточна Шведска и северна Финска.
Во Никалуокт кај Кируна, на северот на Шведска, забележани се температури и до -41,6 степени Целзиусови.
Најниски температури во Шведска овој век се забележани во февруари 2001 година, кога во Сторб е забележано -44.
Температурите значително се намалија и во Финска. Низ целата земја се забележани температури меѓу -20 и -30, објави во вторник Финскиот метеоролошки институт.
Во делови од централна и северна Финска се очекува температурите да паднат до -40 во текот на следните неколку дена.