Новогодишната ноќ на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Куманово поминала мирно.
Како што информираат денеска од кумановската полиција, на поширокото подрачје на СВР Куманово биле регистрирани вкупно 18 настани.
– Како карактеристични може да ги издвоиме физичкиот напад пред угостителски објект во село Гиновци каде четири лица биле нападнати со остар и тврд предмет, велат од полицијата.
Во текот на новогодишната ноќ едно лице било лишено од слобода за издржување затворска казна и спроведено во Затвор Идризово.
СВР Куманово регистрирало и три сообраќајни незгоди со телесни повреди, но ниту еден регистриран прекршок.
Итната помош од друга страна имала само три лица примени поради прекумерно консумирање алкохол.
Никола Ивановски