Руски авион по грешка бомбардираше село во Русија. Улиците и куќите се целосно опустошени (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

За време на летот на воен авион над регионот Воронеж во Русија, дошло до итно ослободување на муниција, но нема жртви, се наведува во соопштението на руското Министерство за одбрана.

Loading...

„Интентно ослободување на муниција од авионот се случи на 2 јануари околу 9 часот по локално време додека авионот на руското воено воздухопловство леташе над населбата Петропавловка во регионот Воронеж. Немаше жртви“, се вели во соопштението.

Покрената е истрага

Министерството додаде дека се оштетени шест приватни згради. Покрената е истрага за инцидентот, јавува руската државна новинска агенција Тас.

Регионалниот гувернер Александар Гушев изјави дека жителите на неколку улици во Петропавловка се преместени во центар за привремено сместување.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски изрази подготвеност за директни преговори со Путин

Надлежните ќе ја проценат штетата и ќе платат обештетување, најави тој.