Триесет и четиригодишен кумановец е осомничен дека го нарушил јавниот ред и мир и притоа оштетил инвентар на бензинска пумпа.
Loading...
– На 27.12.2023 во 19.38 часот во СВР Куманово било пријавено дека В.М (34) од Куманово го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување и оштетување на инвентар на бензинска пумпа во Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Оттаму додаваат дека по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Никола Ивановски