Русија: Уапсен осомничен дека во Киев пренесувал информации за воени објекти

Сподели со своите пријатели

Уапсен е жител на Московската област поради сомнение дека на Киев му пренел информации за објектите на руското Министерство за одбрана, соопшти руската Федерална служба за безбедност (ФСБ).

Loading...

Според истражителите, станува збор за човек кој е поддржувач на една од украинските националистички организации чии активности се насочени против безбедноста на Русија, пренесува РИА Новости.

Тој е осомничен дека му пренел информации на Киев за локацијата на објектите на руското Министерство за одбрана, како и одбранбените и индустриските претпријатија лоцирани во регионите на Москва и Калуга.

Тој е осомничен и за префрлање пари на вооружените сили на Украина од јануари до декември 2023 година, пренесува Танјуг.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.