Украина и Русија започнаа нов бран на меѓусебни напади со дронови

Сподели со своите пријатели

Украина и Русија во неделата започнаа нов бран меѓусебни напади со дронови врз цели на непријателот, зголемувајќи го интензитетот на воздушните напади, објавија денеска западните медиуми.

Loading...

Во извештајот на Ројтерс се наведува дека во рускиот напад на Одеса едно лице го загубило животот, а украинските сили извршиле напад со дрон на руски воен аеродром.

Украинските воздухопловни сили во неделата наутро објавија дека уништиле 20 руски беспилотни летала и една крстаречка ракета лансирани од руските сили во текот на ноќта.

Девет беспилотни летала беа соборени над југот на областа Одеса, но остатоците од уништените проектили предизвикаа пожар во станбена зграда во која едно лице го загуби животот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина: Русија нападна со 614 дронови и ракети во текот на ноќта, едно лице е убиено

Руското Министерство за одбрана на социјалните мрежи објави дека руските системи за противвоздушна одбрана уништиле или пресретнале вкупно 35 украински беспилотни летала над регионите Липецк, Волгоград и Ростов, но не е потврдено кои биле целите на украинскиот напад, ниту дали имало било каква материјална штета.

Засега Ројтерс не можеше да ги потврди овие наводи од руското Министерство за одбрана од независни извори, пренесува Танјуг.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.