Бран студено време зафати поголем дел од Кина, при што температурите под нулата ги принудија властите да ги затворат автопатите или да го ограничат сообраќајот во неколку провинции, по повеќекратните несреќи на замрзнатите делови од патот.
Според прогнозата на кинескиот национален метеоролошки центар, температурите се очекува да се спуштат под минус 40 степени целзиусови во делови од североисточната провинција Хеилонгџианг и северозападниот регион Ксинџијанг во земјата, како и во провинциите Внатрешна Монголија и Гансу и Кингхаи.
Студениот бран започна на почетокот на неделата и се движи од северна Кина кон југ, а температурите се очекува дополнително да се намалат во текот на викендот, а синоптичарите предвидуваат дожд и снег, пренесува Ројтерс.
Траектите и некои автобуси се привремено суспендирани во Шангај, каде што се очекуваат температури околу минус 6 степени во текот на викендот.
Пекинг и провинциите Џиангкси и Шанкси, исто така, презедоа мерки за заштита на овошјето и зеленчукот од смрзнување, јавуваат кинеските државни медиуми, пренесува Танјуг.