Зеленски: Не смееме да дозволиме непријателот да преземе иницијатива

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика Украинците да продолжат да пружаат отпор, соочени со очекуваните руски напади врз цивилната инфраструктура оваа зима.

Loading...

– Улогата на нашата земја сега, колку и да е тешка, е да не изгуби сила и да не дозволи непријателот да преземе иницијатива – рече Зеленски во видео обраќањето.

Минатата зима, помеѓу октомври 2022 и февруари 2023 година, руските сили се обидоа да ја уништат електричната мрежа на Украина со масовни напади што доведоа до чести прекини на струја и недостаток на греење низ целата земја.

Зеленски им се заблагодари на војниците и командантите за нивната „отпорност и храброст“ бидејќи се наближуваат најстудените месеци од зимата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Германија го затвора бирото на руската телевизија, Москва најави одговор

Изјавите уследија по претходна средба со врховниот командант на вооружените сили Валериј Залужни и команданти од различни сектори, пишува Киев Индипендент.

Оваа зима, властите предвидуваат дека земјата повторно ќе се соочи со истите предизвици како минатата година.

Во октомври, претседателот Зеленски предупреди дека Русија веројатно ќе се обиде да ја уништи енергетската инфраструктура на Украина.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...