Први снимки откако ученичка уби и ги рани другарките: Деца бегаат од училиште во Брјанск

Сподели со своите пријатели

Ученичката Алина А.(14) од осмо одделение утрово отвори оган во училиштето во Брјанск и ја уби Марија Н, рани уште неколку момчиња, а потоа се самоуби.

Loading...

Министерството за здравство потврди дека две лица загинале, а пет се повредени во пукотница во училиште во руски град.

„Повредените се хоспитализирани, повредите им се полесни. На сите им е потребна неопходна нега“, соопштија надлежните.

На социјалните мрежи се појавија првите видеа по пукањето.

 

 

На нив се гледаат ученици кои се евакуирани од училиштето, додека надвор ги чекаат загрижени родители.

Loading...

На видеата се гледаат голем број полицајци на местото на настанот, како и брза помош.

Престрелката се случила во четвртокот во гимназија бр. 5 во Брјанск.

 

 

Според првичните податоци на Истражниот комитет, 14-годишно девојче донело пушка сачмарка во образовната установа од која пукала во своите соученици.

Гувернерот на Брјанската област Александар Богомаз истакна дека на семејствата на настраданите ќе им биде укажана потребната помош.

 

Loading...