Поранешниот украински политичар Илија Кива е убиен во Москва

Сподели со своите пријатели

Поранешен украински пратеник е убиен во парк на периферијата на Москва во напад кој и се припишува на Службата за безбедност на Украина (СБУ).

Loading...

Илја Кива беше проруски пратеник во украинскиот парламент пред инвазијата на Москва на Украина во февруари минатата година, но тој побегна во Русија еден месец пред почетокот на војната и често ги критикуваше украинските власти. Киев го смета за предавник.

Руските истражители вчера објавија дека Кива бил застрелан.

– Непознато лице со засега неутврдено оружје пукало во жртвата. Мажот починал од повредите на лице место – објави рускиот истражен комитет во соопштение за медиумите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Двајца убиени во руски напади врз западна Украина

Анонимен украински извор потврди за Ројтерс дека СБУ стои зад убиството на Кива.

– Можеме да потврдиме дека Кива е готов. Таква судбина ќе ги снајде и другите предавници на Украина, како и следбениците на режимот на Путин – изјави Андриј Јусов, портпаролот на украинската воена разузнавачка служба за националната телевизија.

Јусов рече и дека Кива е „еден од најголемите ѓубриња, предавници и соработници“, пренесува Гардијан.

Анонимен извор за руските медиуми изјавил дека Кива лежел на снегот облеан во крв и дека неговото тело го пронашле вработените во блискиот хотел.

Loading...

Кива беше осуден во отсуство од страна на украинскиот суд на 14 години затвор под обвинение, вклучително и предавство и поттикнување насилство.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Песков: Распоредувањето на странски трупи во Украина е апсолутно неприфатливо

Овој атентат навестува дека Киев сè уште има тајни ресурси длабоко во Русија.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.