Кличко: Две лица се повредени во напад на руски дрон врз Киев

Сподели со своите пријатели

Неколку делови на Киев утринава беа цел на масовен напад со дронови, изјави очевидец, а градоначалникот Виталиј Кличко објави дека две лица се повредени кога фрагменти од соборените дронови паднале врз станбени згради.

Loading...

Кличко на својот канал на Телеграм напиша дека фрагменти од дронови предизвикале пожар во градинка, пренесува Ројтерс, јави Танјуг.

Украинските медиуми претходно објавија дека во Киев се слушнале серија експлозии.

Воздушно предупредување е издадено во голем број региони во Украина – Киев, Черкаси, Чернихив, Суми, Харков, Полтава, Дњепропетровск, Миколаев, Кировохрад и Керсон, објави Унион.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Руски напад врз Харков со балистички ракети