Пет украински дронови биле пресретнати денеска од руски системи за противвоздушна одбрана над Крим и еден над Црното Море, соопшти руското Министерство за одбрана.
„Утрото на 2 ноември беше запрен обидот на режимот во Киев да изврши терористички напад со шест дронови од типот на авиони врз објекти на територијата на Руската Федерација. Дежурните системи за противвоздушна одбрана уништија едно украинско беспилотно летало над Црното Море, пет се пресретнати над територијата на Република Крим“, соопшти Министерството, пренесува РИА Новости.
Откако Украина ја започна својата контраофанзива на почетокот на јуни, руските власти речиси секојдневно ги обвинуваат украинските сили дека користат беспилотни летала или проектили за напад на полуостровот Крим, кој Русија го анектираше во 2014 година, пренесува Танјуг.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.