ОН: Израелските напади врз бегалскиот камп може да доведат до воени злосторства

Сподели со своите пријатели

Израелските напади врз бегалскиот камп Џабалија во Газа може да претставуваат воени злосторства.

Loading...

Бидејќи се работи за непропорционални напади, соопшти Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на ОН (OHCHR).

„Со оглед на големиот број цивилни жртви и обемот на уништување по израелските воздушни напади врз бегалскиот камп Џабалија, ние сме сериозно загрижени дека станува збор за непропорционални напади кои би можеле да претставуваат воени злосторства“, се вели на официјалниот профил на OHCHR на мрежата Х.

Претходно, палестинското Министерство за здравство на Хамас соопшти дека од 7 октомври во израелските напади врз Појасот Газа загинале 8.796 лица, меѓу кои 3.648 деца.

Израел почна со воздушни напади врз Газа откако Хамас го нападна Израел на 7 октомври.