Времето денеска низ Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Попладне и кон крајот на денот претежно во западните и северните делови ќе има повремен локален дожд.
Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 21 до 27 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала облачност.
Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен и југоисточен правец.
Температурата во утринските часови ќе се движи околу 11 степени, а дневниот максимум се очекува да достигне 22 степени целзиусови.
Утре низ кумановско ќе имаме претежно облачно време со многу кратки сончеви периоди и слаб до умерен ветер од југ и југозапад.
Утринската температура ќе се движи околу седум степени, додека дневниот максимум ќе достигне до 23 степени целзиусови.
Недела носи сончево време со слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец.
Температурата ќе се движи во интервал од минимални шест до максимални 23 степени целзиусови.
Во текот на следната работна недела ќе се задржи суво и претежно сончево време.
Никола Ивановски