Претреси во Куманово, пронајдени дрога, пиштол и куршуми

Сподели со своите пријатели

Дваесет и деветгодишен кумановец бил приведен вчера откако полицијата при претрес на негов имот пронашла марихуана, пиштол и миниција.

Loading...

– На 23.10.2023 полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Куманово во содејство со полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ на МВР, Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи и полициски службеници од Единицата за службени кучиња на МВР, по претходно обезбедена судска наредба, извршија претрес на две локации кај М.Д.(29), информираат од Министерството за внатрешни работи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен кумановец кој се заканувал на своето семејство

Од МВР, додаваат дека при претресот во викенд куќа во место викано „Стари лозја“ во Куманово, атар на населбата Карпош, била пронајдена  марихуана, а при претресот во неговиот дом во Куманово пронајден бил пиштол „Валтер“ кал.7.65мм. и 11 куршуми кал.7.65мм.

– Лицето не било пронајдено во домот и по него се трага, а за случајот е известено ОЈО Куманово, стои во соопштението.

Никола Ивановски