Русија: Киев ја минираше ХЕ Кременчук

Сподели со своите пријатели

Украинските сили ја минираа хидроцентралата Кременчук со цел да предизвикаат провокација против Русија според сценариото со ХЕ Каховски, изјави за Спутник неименуван извор од руската војска.

Loading...

„Имаме информации дека хидроцентралата е минирана со цел да се предизвика дополнителна тензија и да се обвини руската армија“, рече тој, додавајќи дека тие информации ги добиле од украинските војници кои ја чувале таа територија.

ХЕ Кременчук се наоѓа во градот Светловодск во регионот Кировохрад, пренесува Спутник. Се наоѓа на третата етапа од каскадата Дњепропетровск, има 12 турбини и произведува максимални 700 мегавати електрична енергија.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.