Илон Маск го исмеа Зеленски: „Бара милијарда долари на секои пет минути“

Сподели со своите пријатели

Најбогатиот човек на светот, милијардерот Илон Маск го исмеваше украинскиот претседател Володимир Зеленски затоа што постојано бара од сојузниците пари за Украина.

Loading...

Маск на социјалната мрежа Икс објави популарно меме на кое се гледа маж со фотошопирано лице на Зеленски со напнат израз на лицето.

„Кога поминаа пет минути, а вие не побаравте милијарда долари помош“, се вели во описот на фотографијата.

За шест часа објавата собра над 300.000 лајкови, а досега ја виделе над 22 милиони луѓе.

Потсетуваме, американскиот претседател Џозеф Бајден во неделата потпиша закон со кој ќе се овозможи продолжување на финансирањето на работата на Владата во период од 45 дена – до 17 ноември, пренесува Спутник.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ердоган се противи на одлуката на САД да ѝ дозволи на Украина да користи ракети со долг дострел

Сепак, законот не предвидува распределба на средства за Украина.

 

 

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.