Министрите за надворешни работи на ЕУ се состануваат во Киев

Сподели со своите пријатели

Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска се состануваат во Киев за уште еднаш да ја покажат својата поддршка за Украина, најави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел.

Loading...

Шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба се заблагодари што ваква средба првпат се одржува надвор од границите на ЕУ, но во нејзините идни граници.

Состанокот на министрите не беше најавен порано од безбедносни причини.

Една од темите на состанокот ќе биде предлогот на Борел за долгорочна финансиска помош за украинската армија, како и за користење на европски пари за обезбедување борбени авиони и ракети на земјата погодена од војна.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Дали ќе го поддржат неговиот мировен план? Зеленски во Вашингтон ќе се сретне со Трамп и Харис

Шпанецот сака да издвојува пет милијарди евра годишно од 2024 година до крајот на 2027 година, но не се очекува министрите да го прифатат тој предлог веќе во Киев.

Полска испрати заменик министер, а Унгарија висок дипломат

Состанокот на ЕУ доаѓа во време на загриженост поради континуираната американска помош за Украина, откако внатрешните борби во Републиканската партија речиси го блокираа финансирањето на владата во текот на викендот.

Конгресот усвои нацрт-закон за продолжување на владиното финансирање за повеќе од еден месец, но тој буџет не вклучува поддршка за Киев.

Американскиот претседател Џо Бајден рече дека републиканците ветиле помош на посебно гласање.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Фон дер Лајен ја презеде целосната моќ во ЕУ

Борел пристигна во Украина веќе викендот, велејќи тогаш дека смета на продолжување на американската помош.

На денешниот состанок веројатно ќе се работи и за патот на Украина кон членство во ЕУ, откако таа доби кандидатски статус во јуни минатата година.

Сите 27 земји-членки допрва треба да донесат едногласна одлука за отворање на преговорите со Киев.

Повеќето земји испратија свои министри во Киев.

Полска, која неодамна ги залади односите со Украина, испрати заменик министер, а Унгарија висок дипломат.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.