Данило Методиевски од Куманово, член на Кик-бокс клубот Предатор освои високо второ место на Светскиот куп во кик-бокс кој викендов се одржа во Италија.
Првата борба беше убедлива со константно водство на Данило против натпреварувач од Италија.
Втора беше тешка и исцрпувачка против натпреварувач од Хрватска, но Данило успеја во втора рунда да го сврти резултатот во негова полза.
Третата борба беше против актуелен светски првак и европски вицешампион и државен првак од Чешка. Данило во трета борба загуби и со тоа стана светски вицешампион.
– Се гордееме сите со постигнатиот успех на Данило и целиот тим што беше во припреми. Благодарност до нашите спонзори кои го овозможија овој настап, градоначалникот Максим Димитриевски, Фрагмат, Блек Вајпер Сквад, Бучен Козјак и Теретана Чили Џим, велат од КБК Предатор.
Никола Ивановски