Воено-политичката ситуација во светот ги обврзува земјите-членки на Комонвелтот на независни држави (ЗНД) да имаат силни вооружени сили кои се способни брзо да реагираат на потенцијалните предизвици, изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.
„Денес започнуваат подготовките за прославата на 80-годишнината од победата на нашиот народ во патриотската војна, чии лекции се актуелни и денес. И најважно е дека е неопходно да се има добро опремени и обучени вооружени сили подготвени да одговорат на предизвиците и заканите. Сегашната воено-политичка ситуација во светот не обврзува на тоа“, рече Шојгу на состанокот на министрите за одбрана на ЗНД што се одржа во Тула.
Како што додаде тој, на агендата на средбата ќе бидат актуелните глобални состојби, соработката меѓу министерствата за одбрана на земјите членки на ЗНД, зајакнувањето на традиционалните форми на соработка и барањето нови.
ЗНД се состои од Русија, Белорусија, Ерменија, Азербејџан, Казахстан, Киргистан, Таџикистан, Узбекистан и Молдавија, пренесува Спутник.