Украина минатата недела одби да прими 10 стари тенкови „Леопард 1А5“ од Германија поради лоша техничка состојба, пишува „Шпигел“, повикувајќи се на извори.
Како што пишува весникот, Украина го известила специјалниот штаб во Министерството за одбрана во Берлин дека на германските вооружени системи кои пристигнале во Полска им е потребна поправка.
„Бидејќи нема ниту обучен технички персонал, ниту доволно резервни делови, нема смисла да се префрлат „леопардите“ во Украина“, се наведува во написот.
Се посочува и дека споменатото известување на киевските власти „предизвикало вознемиреност“ во Берлин.
Министерството за одбрана веднаш испрати технички експерти во Жешов во Полска за проверка и сервисирање на тенковите.
Таму е утврдено дека на тенковите „Леопард“ навистина им е потребен ремонт, пишува „Шпигл“, пренесува Спутник.
Потсетуваме, Германија му вети на Киев над 100 тенкови „Леопард 1А5“, кои беа извадени од употреба пред околу 10 години.
Првите десет тенкови беа испратени во Украина во јули.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.