Украина: Соборени 17 руски дронови

Сподели со своите пријатели

Украинската воздушна одбрана уништи 17 беспилотни летала од типот Шахед, лансирани од руските сили кон територијата на Украина, соопштија утринава властите.

Loading...

Армијата потврди дека синоќа биле лансирани вкупно 24 дронови „Шахед“, од кои 17 биле соборени.

Детали за нападите не се објавени.

Русија користи беспилотни летала од иранско производство за да ги напаѓа украинските градови секој ден.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Одлуката на Бајден само ја ескалираше војната што Трамп ќе ја наследи