Русија утринава соопшти дека уништила четири украински дронови над регионите Белгород и Ориол во западниот дел на земјата.
Loading...
Министерството за одбрана соопшти дека во текот на ноќта имало три напади во кои учествувале четири дронови.
Министерството не даде информации за евентуални штети или жртви.
Областа Белгород е на запад од Русија, на границата со Украина, а најблиску до неа е украинската Херсонска област.
Ориолската област е исто така на запад, неколку стотици километри јужно од Москва.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.